Поранешниот велосипедист Рик Ван Лој, кој се смета за еден од најдобрите во историјата на овој спорт, почина на два дена пред својот 91-ви роденден, објавија медиумите во Белгија.
Ван Лој беше активен на велосипедските патеки во 50-тите и 60-тите години на минатиот век и ќе остане запаметен како првиот велосипедист кој успеал да победи на сите пет еднодневни класици: Милано-Сан Ремо, Тур Фландрија, Париз-Рубе, Лиеж-Бастоњ-Лиеж и Џиро Д’Ломбардија. Со ова достигнување можат да се пофалат само уште неговите сонародници Еди Меркс и Роже де Вламинк.
Во текот на својата кариера, Ван Лој оствари победи на 37 етапи на најголемите велосипедски трки (Тур де Франс, Џиро Д’Италија, Вуелта). Покрај тоа, освои златен медал на Олимписките игри во 1952 година во Хелсинки, како и титули светски шампион во 1960 и 1961 година.
Во својата професионална кариера, Рик Ван Лој постигна вкупно 371 победа, оставајќи зад себе импресивно наследство во светот на велосипедизмот.