Нејмар, една од најголемите бразилски фудбалски ѕвезди, го држи рекордот за најголемиот трансфер во историјата на овој спорт. Во август 2017 година, Пари Сен Жермен плати неверојатни 222 милиони евра за да ја активира откупната клаузула во неговиот договор со Барселона, што го направи најскапиот играч на сите времиња.
Овој трансфер беше потврден со уплата од 222 милиони евра преку чек од Националната банка на Катар, а не директно од клубот Пари Сен Жермен, како што неодамна осамна на интернет. Со ова Нејмар стана симбол на финансиската моќ и амбициите на ПСЖ, кој целеше кон освојување на европските титули.
El cheque que cambió la historia del fútbol 🤑🤑🤑
— Diario SPORT (@sport) December 18, 2024
💰 222M de euros del PSG para pagar al Barça la cláusula de rescisión del contrato de Neymar @JuanmaDiaz65 y Albert Masnou desgranan todos los detalles⤵️⤵️https://t.co/nPCPELfUCI pic.twitter.com/wU4HAzQgb4
По напуштањето на европскиот фудбал, Нејмар премина во Ал-Хилал, клуб од Саудиска Арабија, каде што потпиша договор вреден околу 120 милиони евра по сезона. Сепак, неговиот престој таму е обележан со серија повреди, што сериозно влијаат на неговата форма и достапност.
Тој досега одигра само неколку натпревари, а последната повреда, здобиена во азиската Лига на шампиони, дополнително го отежна неговиот придонес за тимот.