Сампдорија е домаќин на СПАЛ во последниот меч од седмото коло во италијанската Серија А. Меч на кој домаќините се фаворити, но според моменталната состојба на табелата, СПАЛ има еден бод повеќе, што покажува дека нема лесно да се предаде. Сампдорија најави дека ќе игра во формација 4-3-1-2, додека гостите ќе истрчаат на теренот со формација 3-5-2.
Дополнителен мотив за домаќините ќе биде да се вратат на победите, бидејќи три средби по ред не знаат за успех, а нападот е очаен бидејќи постигнаа само еден погодок. Сите шест меча кои сезонава СПАЛ ги одигра завршуваат со НГ, односно една од двете екипи да не даде погодок.
Тоа што е поважно за гостите е дека се во неверојатна серија од 11 натпревари без нерешен резултат. Последен пат одиграа „икс“ во Серија А на 18-ти април, кога во средба од минатото првенство беше 0-0 против Киево. Оттогаш има шест успеси и пет порази, па ќе биде интересно да се види дали на гостувањето во Џенова против Сампдорија може да прекине низата без реми.
Во „Квоти на денот“ во SPORT LIFE примамливо е да се одигра 1+ пп.&3+, што носи коефициент од 2.30.