Барселона има само една победа во последните шест кола во шпанското првенство, а викендов на свој терен ќе игра дерби-меч против Атлетико Мадрид. Ова дерби секако е дел од 15-тото коло на Спортската прогноза, игра која е бесплатна и може да ја играат сите оние коишто имаа СЛ картичка на Sport Life.
Според досега направените прогнози на повеќе од 2.000 прогнозери, во победа на Барселона веруваат речиси 60 отсто. Ливерпул и на дербито во Премиер лигата има речиси 60 отсто шанси да победи, и тоа на гости кај Тотенхем.
Најголема сигурица во ова коло е дуелот меѓу Валенсија и Алавес. На голот на Валенсија е Столе Димитриевски, а безмалку 90 отсто од прогнозерите очекуваат „кец“. Борусија Дортмунд гостува кај Волфсбург и три четвртини од прогнозерите веруваат дека Милионерите ќе победат.
Во ова коло има вкупно 13 натпревари и главен предизвик за сите прогнозери е да се обидат да погодат Среќна 13-ка, односно да ги погодат фиксовите на сите понудени парови. Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени се добива ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а за погодена 11-ка, ваучерот е 500 денари.