Поранешниот играч на Барнсли, Ѓорѓи Христов типува победа на Арсенал во големото дерби во Премиерлигата против забревтаниот тим на Манчестер јунајтед, а една од причините е заморот кај „црвените ѓаволи“ по исцрпувачкиот реванш меч со ПСЖ во Лигата на шампионите. Типува и успех на Лестер и на Њукасл, најмалку еден бод за Вест Хем во Кардиф и тврд меч меѓу Хадерсфилд и Борнмут, две екипи што се во лоша форма.
Кардиф – Вест Хем (Сабота, 16 часот)
Вест Хем има одлична серија од 7 победи во меѓусебните дуели со клубот од Велс и денеска очекувам повторно да доминира. Гостите се поблиску до осми триумф во низа, имаат поквалитетен тим, иако во последно време мака мачат со повредите.
Кардиф има поголеми мотиви, се бори за опстанок во Премиерлигата, но и прима доста голови во последно време. Дури 9 пати се тресеше мрежата на Етериџ на последните три натпревари, кои Кардиф ги загуби.
Предлог тип: Х2&2+ (1.70)
Хадерсфилд – Борнмут (Сабота, 16 часот)
Ова е дуел на две екипи што се во лоша форма. Хадерсфилд е последен во Премиерлигата и би било чудо да успее да се избори за опстанок. Нападот им е неефикасен, постигнаа само 15 голови убедливо најмалку во англиското првенство.
Борнмут влезе во кризен период, нема победа од почетокот на февруари, а повредите на клучните играчи им создадоа многу проблеми.
Очекувам тврд меч на две екипи кои не играат добро и секако малку голови.
Предлог тип: Х2&0-2 (2.15)
Лестер – Фулам (Сабота, 16 часот)
Интересен дуел на две екипи што ги сменија менаџерите, а и Скот Паркер кај Фулам и Брендан Роџерс со Лестер тргнаа со идентични порази од 1:2.
Фулам има квалитет, но нешто не штима во скапиот проект од Лондон, па речиси сигурно ќе се простат од настапите во Премиерлигата. Паркер ќе се обиде да ја врати самодовербата кај играчите, но нема доволно време за нешто поконкрентно.
Лестер според мене е фаворит и ќе успее да ги освои бодовите.
Предлог тип: 1 (1.77) Супер тип Sport Life
Њукасл – Евертон (Сабота, 16 часот)
Њукасл се уште не е сигурен за опстанокот во елитната лига на Англија и ќе се обиде да го победи Евертон за да стаса во помирни води.
Вест Хем им ја прекина мини-серијата од две победи, но очекувам денеска избраниците на Рафаел Бенитес да почнат нов циклус победи за спас.
Голем потстрек за Евертон е ремито во градското дерби со Ливерпул, имаат и добар биланс од пет победи и едно реми против Њукасл на последните шест дуели, но некако чувствувам дека домашниот тим ќе ги освои бодовите.
Предлог тип: 1&3+ (5.40)
Арсенал – Манчестер јунајтед (Недела, 17.30 часот)
Манчестер јунајтед е во транс, играчите се се уште под импресии од големиот успех во Лигата на шампионите и тоа може да биде пречка за продолжување на неверојатната авантура под команда на Оле Гунар Солскјер.
Реваншот против ПСЖ беше многу тежок од сите аспекти за играчите на Манчестер и речиси стандардно доаѓа до празнење на батериите по такви исцрпувачки мечеви.
Иако Арсенал не игра добро, загуби и од Рен во Европа Лигата, ваквите дерби мечеви носат посебна мотивација. Тука ќе типувам на победа на „топчиите“ во големата битка за позиции кои водат во Лигата на шампионите идната сезона.
Предлог тип: 1 (2.40)