Германски клуб на терен истрча со 11-мина фудбалери коишто имаат исто презиме

Германскиот фудбалски клуб ДЈК Флоршејм Два направи едно фудбалско чудо со тоа што во стартниот состав на теренот испрати 11-мина играчи коишто имаат исто презиме. На теренот во почетниот состав се појавија 11-мина фудбалери кои се презиваат Куртановиќ.

Од оваа есен клубот на ДЈК Флоршејм Два игра во Регионалната лига Д, каде што вкупно во составот имаат пријавено 12-мина играчи кои се презиваат Куртановиќ и тие се од 18 до 50-годишна возраст.

„Ова не е шега. За мене ова е остварување на сонот. Сите припаѓаме на една голема фамилија. Со мене играат моите браќа Самир и Кенан, а тука се и роднини, братучеди, чичковци. Обично се гледавме само на фамилијарни собири, а сега играме во ист тим“, изјави за „Билд“, 26-годишниот Харис Куртановиќ, кој е голман и тренер на екипата.

Составување на еден ваков тим било идеја токму на Харис, кој инаку работи и како градежен инжинер. На германското подрачје Рајна-Мајна има околу 150-тина членови на ова големо семејство, чии корени се од Санџак.

Таткото на Харис во 1991 година избегал од војната која дивееше во Босна и Херцеговина и започнал да работи во Германија. По него, во 1993 година во Германија заминал и неговиот брат, односно чичко на Харис, Ибрахим. Токму Ибрахим, кој има 50 години, е најстариот член на фудбалскиот клуб кој на терен се појави со 11-мина фудбалери кои го носат презимето Куртановиќ.

Речиси сите имаат германско државјанство, а на теренот зборуваат босански јазик за да не може противниците да ги разберат. Спонзор на клубот е фамилијарната фирма за електротехника, „Куртеч“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести