Игра за Реал Мадрид, а сонува за Бетис

Дани Себаљос во последно време има важна улога во Реал Мадрид, игра редовно, на некои мечеви беше стартер и доби предност пред Лука Модриќ во средниот ред, синоќа освои трофеј во Интерконтиненталниот куп, а на социјалните мрежи остави коментар кој предизвика многу реакции.

По оваа промена на неговиот статус, продажбата на Себаљос во јануарскиот преоден рок е исклучена. Сепак, Дани на шега или не, откри дека би сакал да се врати во Бетис, од каде што дојде во Реал.

На една објава на „Инстаграм“, во која во божиќен амбиент се тренерот на Бетис, Пелегрини, и играчите Иско и Витор Роке, играчот на Реал Мадрид напиша: „Останува само уште еден да се врати за Божиќ“, придружено со емотикон за смеење.

Сè укажува дека тоа е кажано со тон на хумор, но и Себаљос и Бетис не престануваат да се сакаат.

- Оглас -

Најнови вести