НБА се враќа во полн сјај, вечерва се играат 13 меча, „фештата“ ќе биде во Минеаполис

НБА-тимовите одморија 3-4 дена, мини-паузата заврши, а регуларната сезона во најсилната кошаркарска лига на светот се враќа вечерва дури со 13 меча.

Понудата на Sport Life е богата, имате безброј опции за обложување, а на листата на играчи за кои може да погодувате колку поени ќе постигнат има дури 130-мина играчи, по десетина за секој меч.

Еден од натпреварите кои ќе предизвикаат најголем интерес ќе биде Минесота – Њујорк затоа што за првпат Карл Ентони Таунс ќе заигра во дресот на Никс. Таунс пред да се пресели во Големото Јаболко, девет години играше за Тимбервулфс, втор е на нивната вечна листа по број на поени, скокови и блокади, па сигурно вечерва ќе му биде емотивен меч против својот поранешен клуб.

Интересно треба да биде и во Орландо, каде што Меџик, кој дома има скор 10-1, го пречекува тимот на Оклахома Сити тандер, кој е лидер во Западната конференција.

- Оглас -

Најнови вести