Американската тениската легенда Џон Мекинро во поткастот „Сервирани“ на Енди Родик даде свое очекување за сезоната 2025 фокусирајќи се во својата анализа на предизвиците со кои ќе треба да се соочат Карлос Алкарас и Новак Ѓоковиќ.
Мекинро отворено ја изрази својата загриженост за Алкарас, изјавувајќи дека го гледа понизок во споредба со останатите негови ривали и верува дека тоа може да го земе данокот врз него.
„Акарас е најголемиот талент што сум го видел последните 20 години, најдобар е за гледање како игра. Но, ги гледате неговите ривали, сите се толку големи… Дали ја имаат експлозивната брзина на Алкарас? Не, но јас сум загрижен за Карлос бидејќи тој е висок 183 сантиметри, останатите тенисери ќе го излудат. Ќе се соочи со момци кои сервираат како од планина и ќе се чувствува фрустрирано, како на крајот од оваа сезона. Ќе биде многу тешко, но ќе мора да биде силен“, рече популарниот Биг Мек.
Мекинро позитивно гледа на новата соработка на Енди Мареј како тренер на Новак Ѓоковиќ и се надева дека овој нов сојуз ќе блесне веќе на Отвореното првенство на Австралија, првиот гранслем следната година.
„Среќен сум за оваа соработка помеѓу Мареј и Ѓоковиќ. Сигурен сум дека ќе биде кратко партнерство, но мислам дека овој Сојуз му дава поголем интерес на тенисот ширум светот. Се надевам дека Ѓоковиќ ќе го освои Отвореното првенство на Австралија бидејќи на Мареј му требаат позитивни вибрации во неговото прво искуство како тренер“, рече Мекинро.