Во објектот на Sport Life кај Соборниот храм во центарот на Скопје вчера попладне бил уплатен тикет кој е добитен со вкупно погодена квота од над 8.000.
Овој скромен обложувач вложил само минимум од 20 денари, на тикетот ставил дури 17 пара од фудбалски мечеви и успеал сите точно да ги прогнозира, што му донесе брутално добра бруто-добивка од над 161.000 денари.
На тикетот сите квоти на коишто играл се 1.45 или поголеми, а најголемата му е 2.02. Синоќа чекал неколку натпревари кои почнаа во 21 часот, а тикетот стана добитен кога женскиот тим на Арсенал со гол од пенал во 86-тата минута дојде до победа над Баерн во женската Лига на шампиони и Ливерпул не прими гол во финишот од Саутхемптон. Емотивен ролеркостер имаше и за мечот со пресврти Монако – ПСЖ, но и таму конечниот епилог беше како што посакуваше овој скопјанец.