Интер има квалитетни резерви, „Србин“ и Албанец му донесоа победа

Италијанскиот првак Интер се пласира во четвртфиналето на Купот на Италија и таму ќе се сретне со Лацио.

Вечерва Нераѕурите мечот со започнаа со комбиниран состав, но и малку измешани карти, со 2-0 го совладаа Удинезе. Головите паднаа во првото полувреме, а стрелци беа Арнаутовиќ и Аслани, кои ја оправдаа довербата на тренерот Инѕаги, кој го стави во почетниот состав како ретко кога во Серија А или во Лигата на шампионите.

Инаку на мечот во Милано имаше и шестминутен прекин поради лекарска интервенција на трибините откако му се слоши на еден навивач.

- Оглас -

Најнови вести