Лигашкиот дел во Конференциската лига заврши вечерва, после шестото коло. На првите осум места се Челзи, Виторија Гимараеш, Фиорентина, Рапид, Ѓургарден, Лугано, Легија и Серкл Бриж.
Утре е ждрепката за разигрувањето на екипите од 9-то до 24-то место кои ќе се борат за пласман во осминафиналето. Во ждрепката ќе бидат четири тима од просторите на поранешна Југославија, тоа се Олимпија, Целје, Борац Бања Лука и ТСЦ Бачка Топола, како и полска Јагјелонија на Дарко Чурлинов.
ТСЦ вечерва на 16 минути до крајот губеше дома од ерменскиот тим Ноах со 1-3, но Србите направија мега пресврт и победија со 4-3, а триумфот ги смести на 24-та позиција и влез во баражите.
Ова е голот за историја на ТСЦ: