Атаман: Дури деветмина навивачи на ПАО доживеаја срцев удар или се онесвестија кога ја видоа повредата на Лесор

Панатинаикос убедливо славеше над Басконија со 104:69, но дуелот во Атина ќе се памети по тешката повреда која ја доживеа францускиот центар Матијас Лесор. Само што започна третата четвртина, Лесор беше во продор кога незгодно доскокна на левата нога и падна на паркетот згрчен во болка.

Според првите информации се работи за скршеница на фибулата и Лесор ќе паузира во следните три месеци. Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, откри дека дури деветмина навивачи на трибините колабирале откако ја виделе повредата на Лесор.

„Секако дека беше тешка ноќ, но тешко е да се зборува за фантастичната кошарка која ја одигравме, и тоа поради повредата на Лесор. Се работи за многу сериозна повреда и сите на теренот беа шокирани. Му благодарам и на тимот на Басконија и на тренерот Лесо затоа што дозволија мечот да биде прекинат 10-15 минути. Во мојата 35-годишна кариера првпат гледам вакво нешто по тоа што се случи на теренот, деветмина луѓе на трибините да имаат или срцев удар или да колабираат. Немавме доволно возила на Брзата помош за да ги одведат сите луѓе во болница“, рече Атаман.

Повредата на Лесор може да ја видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести