Милан на мегдан кај тимот кој нема ниедено реми сезонава, дерби се игра во Бундеслигата

3001 Верона – Милан (20:45 ч.)

Верона е единствениот тим во Серија А кој нема одиграно нерешен резултат сезонава. Во 16 кола, Верона има само пет победи и дури 11 порази и е на 17-тото место, последно кое носи спас од испаѓање.

Верона ја има убедливо најслабата одбрана и досега прими 39 гола, а постигна 21, што е само потврда дека игра без калкулации. Милан има само една победа во последните пет кола во Серија А. Кога се работи за меѓусебните дуели, Росонерите имаат седум победи по ред со овој ривал.

Предлог тип: 2&3+ (2.55)

 

1801 Баерн Минхен – Лајпциг (20:30 ч.)

Баерн Минхен има по еден пораз, реми и победа во последните три кола во Бундеслигата, но уште има комотни четири бода повеќе од вториот Баер Леверкузен, додека Лајпциг заостанува шест бода.

Кога играат овие два клуба, головите не треба да изостанат. Во последните 10 меѓусебни пресметки имало вкупно 41 гол, односно во просек повеќе од четири погодоци на меч.

Предлог тип: ГГ4+ (2.23)

 

1303 Жирона – Валјадолид (21 ч.)

Жирона е далеку од формата во која беше минатата сезона, но против Ваилјадолид е фаворит за победа. Валјадолид ја има убедливо најслабата одбрана во шпанското првенство и тоа треба да е шанса за тимот во чиј напад е и Бојан Миовски.

Жирона има пет порази и едно реми во последните шест средби кои ги одигра и ова им е одлична шанса да ја прекинат оваа лоша низа.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.86)

 

1655 Вестерло – Мехелен (20:45 ч.)

На последните 23 натпревари на овие два клуба, секогаш имало минимум по два погодоци, а многу често мрежите се треселе и по пет-шест пати. И сезонава овие два тима играат со многу погодоци.

Се работи за две екипи кои играат на инспирација. Мехелен има постигнато 34 гола и тоа е трет најдобар напад во лигата. И Вестерло е ефикасен со 30 погодоци, но и со лоша одбрана со 29 примени погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (1.82)

 

1011 Лутон – Дерби (21 ч.)

По 21 одигран дуел, овие два тима ги делат само два бода. Дерби има 24 бода, а Лутон е со 22 бода во досегашниот дел од Чемпионшип. Домашниот терен е голем адут за Лутон и сезонава во 11 средби има пет победи, три ремија и само три порази.

На последните три меча кога Лутон бил домаќин на Дерби, домашниот тим победувал.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.03)

- Оглас -

Најнови вести