Аморим објасни: За доброто на клубот го исфрлив Рашфорд од составот

Манчестер јунајтед синоќа загуби со 4:3 од Тотенхем и испадна од Лига купот на Англија, а по завршување на мечот, тренерот на Црвените ѓаволи, Рубен Аморим, објасни зошто во составот го нема напаѓачот Маркус Рашфорд. Ова е втор дуел по ред на кој Рашфорд воопшто не е во составот откако го немаше и на дербито против Манчестер сити (победа од 2:1).

„Чувствувам дека ја имам направенио вистинската работа со изостанувањето на Рашфорд од екипата. Не мислам дека е грешка. Мора добро да ги одбереме играчите. Секогаш се трудам да дадам сè од себе и да го направам најдоброто за тимот“, рече тренерот Аморим.

Во последните две сезони Рашфорд повеќе беше како товар на екипата отколку што беше корисен. Напаѓачот е во променлива форма, недоволна работна етика, а сезонава во 24 меча постигна само седум гола.

Рашфорд беше голем потенцијал додека беше млад. Тој има и 60 настапи за англиската репрезентација во кои постигнал 17 гола, но сега е „отпишан“ и од националниот состав.

- Оглас -

Најнови вести