Милан се врати во победнички ритам откако ја победи Верона на гости со 0-1. Тоа е седми триумф за Росонерите оваа сезона во Серија А.
По ремито против Џенова на домашен терен, тимот на Пауло Фонсека беше под притисок да победи и успеа да освои три бода на ова гостување.
⚽️ GOAL 🇮🇹 | Hellas Verona 0-1 Milan | Reijnderspic.twitter.com/xq9epu6zzY
— Goals Xtra (@GoalsXtra) December 20, 2024
Стрелец на победничкиот гол беше Тијани Рејндерс во 56-та минута од дуелот.
По оваа победа, Милан се искачи на седмата позиција на табелата со 26 освоени бодови.