Жирона ја оствари седмата победа во Ла Лига откако на домашен терен го победи Ваљадолид со 3-0. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски поради повреда не е во составот на Жирона.
Давид Лопез во 31-та минута го отвори резултатот, а Абел Руиз пред крајот на првиот дел зголеми на 2-0.
Третиот погодок беше дело на Арнаут Данџума во 81-та минута од мечот.