Тесен пораз за Ненад Димитријевиќ во Евролигата

Армани Милано доживеа тесен пораз (78-79) од Баерн Минхен во 17-то коло на Евролигата. Во натпревар со многу пресврти, на крајот славеше германскиот тим, кој одигра фантастична прва четвртина.


Едвардс со 25 поени и Букер со 23 кошеви го предводеа Баерн до победата, а Миротиќ беше најефикасен кај Армани Милано со 18 поени. Ненад Димитријевиќ беше стрелец на 11 поени, а имаше и четири асистенции и два скока за 22 минути поминати на теренот.

Црвена Ѕвезда оствари важна победа против Макаби Тел Авив со 81-73, додека Виртус Болоња успеа да ја совлада Барселона со 86-81.

Анадолу Ефес го победи Партизан со 86-77, додека Жалгирис загуби дома од Асвел со 72-78.


Олимпијакос беше подобар од Алба Берлин со 90-85.

- Оглас -

Најнови вести