На менито се Барселона, Сити, Баер Леверкузен, Наполи и Аз, а вкупната квота е над 50

Пет мечеви од атралтивни европски лиги се во денешната понуда за Квоти на ден, а ако сите пет комбинации се одиграат заедно, се добива квупен коефицинет од 51,83.

Астон вила е домаќин на Манчестер сити и тука опцијата е гостите да не загубат во дуел на кој ќе има од два до пет погодоци. Оваа комбинација се вреднува со квота од 1.90.

Џенова и Наполи треба да одиграат меч со погодоци во двете полувремиња, но бројот на голови да не биде повеќе од три во едно полувреме, за да биде добитна квотата од 2.35.

Германскиот првак Баер Леверкузен е домаќин на Фрајбург и треба уште во првото полвреме да има предност, а на крајот и да победи во натпревар на кој ќе бидат постигнати барем два гола. Оваа интересна комбинација е со квота од 2.25.

Во Холандија, Аз Алкмар е домаќин на Твенте и тука е добро да се одигра на голови, а комбинацијата е во првиот дел да бидат постигнати од 1-3 голови, а на крајот да биде 3+, за да биде добитна квотата од 2.15.

Во шпанското дерби Барселона го пречекува Атлетико Мадрид и тука треба да има побендик, но и двата тима да постигнат гол. Оваа интересна комбинација е со квота од 2.40.

- Оглас -

Најнови вести