Англискиот првак Манчестер сити го претрпува најлошиот период во последните осум години, откако тренер е Пеп Гвардиола. Граѓаните имаат само една победа во последните 11 средби во сите натпреварувања, а денеска имаат нов тежок предизвик. Гостуваат кај Астон вила, екипа која е едно од најпријатните изненадувања не само во Англија, туку и во Европа, затоа што игра одлично во Лигата на шампиони.
Астон вила не е тим од Топ 6 екипите во Англија (Сити, јунајтед, Арсенал, Челзи, Ливерпул и Тотенхем), но едноставно се вмешува во трка за висок пласман. Токму затоа делува неверојатно дека коефициентот за победа на Сити на ова гостување во Бирмингем е дури 2.29 во Супер типот на Sport Life.
Преку два коефициент се дава и за триумф на Барселона во дербито против Атлетико Мадрид, но и за Ајнтрахт на свој терен против Мајнц. Фудбалот доминира денеска, но „шарена“ е понудата па има мечеви од дури десет различни лиги.