После 15 години продолжува изградбата на новиот стадион на Валенсија, на него ќе се игра СП 2030

Во 2006-тата година беше претставен проектот за изградба на новиот стадион на Валенсија, кој го доби името „Ноу Местаља“, а веќе наредната започна и изградбата на стадионот кој требаше да биде трет најголем во Шпанија со капацитет за 80.000 гледачи.

Сепак, поради финансиските проблеми на клубот неговата изградба беше сопрена во 2009-тата година, а неколку пати потоа имаше обиди за продолжување на градежните работи, но со намален капацитет.

Сега, после 5.798 дена стадионот продолжува да се гради и ќе има капацитет за 70.000 гледачи. Планот е на овој стадион да се играат и натпревари од Светското првенство во 2030-тата година.

- Оглас -

Најнови вести