Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, се соочува со големи проблеми пред гостувањето кај Монца, со оглед на тоа дека ќе отсуствуваат дури седуммина фудбалери. „Старата дама“ кај Монца ќе патува без повредените Мело, Бремер, Кабал, Милик и Веа, за кои од претходно се знаеше дека нема да играат.
На овој список сега се приклучија и Даглас Луис и Рухи, кои отпаднаа од составот, а неизвесен е и настапот на Камбијасо, за кого дополнително треба да одлучи медицинскиот тим. Доколку и италијанецот не настапи, тогаш Мота ќе мора да настапи без дури осуммина.
Мота за италијанските медиуми изјави дека можел да ризикува со Даглас Луис, но сака тој да биде максимално подготвен и нема да ризикува. Јувентус е во серија од 12 натпревари без пораз, но и покрај тоа е на шесттата позиција на табелата со девет бода помалку од лидерот Аталанта.