Фудбалерите на Манчестер сити го доживеаја и шесттиот пораз на последните осум меча од Премиер лигата, откако беа поразени со 2-1 од Астон вила. Избраниците на Пеп Гвардиола со овој пораз паднаа на шесттата позиција на табелата, со оглед на тоа дека Астон вила со победата ги мина, но може и дополнително да паднат надоле после комплетирање на колото.
Џон Дуран во 16-тата минута со гол ја крунис прекрасната акција на Астон вила, а Морган Роџерс во 65-тата минута ги згасна надежите на „граѓаните“ дека ќе ја прекинат црната серија.
Почесниот погодок за „граѓаните“ беше дело на Фил Фоден пред самиот крај на мечот, односно во 93-тата минута.
Манчестер сити оваа сезона игра катастрофално и во останатите натпревари, па на последните 12 меча има само една победа и два нерешени исходи, но и дури девет порази, нешто што никогаш не се случило во тренерската кариера на Гвардиола.