Манчестер сити е непрепознатлив оваа сезона. Актуелниот англиски шампион е во очајна форма, а ниту „семоќниот“ Пеп Гвардиола не може да пронајде решение како да го сопре огромниот пад на неговиот тим.
Причината е јасна, Граѓаните се соочија со многу повреди оваа сезона, а од почетокот на шампионатот во Премиер лигата се без Родри, најдобриот играч во светот и носителот на наградата „Златна топка“.
Колку ли тоа Родри му недостига на Манчестер сити? Ако се прашува Пеп Гвардиола, неверојатно многу, а тоа го отсликува и статистиката.
Со Родри во тимот, Манчестер сити доживеа само девет порази на последните 108 натпревари.
Без Родри во тимот, Граѓаните имаат неверојатни девет порази на последните 12 натпревари.