Атлетико Мадрид оствари шокантна победа против Барселона во дербито славејќи со 1-2, со голем пресврт во второто полувреме. Тоа е прв триумф за Диего Симеоне на гости против каталонскиот гигант, со што го комплетира овој феноменален период продолжувајќи ја победничката серија со 12-ти триумф во низа.
SORLOTH WITH THE LAST SECOND WINNER!!!!!! pic.twitter.com/9CIbZLIlGV
— Atletico Universe (@atletiuniverse) December 21, 2024
Александер Сорлот во 96-та минута постигна победнички погодок и го заокружи големиот триумф.
Во првото полувреме, сѐ беше на страната на домаќинот, но тоа не беше доволно.
Педри ја доведе Барселона во водство во 30-тата минута, откако одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и успеа да го надмудри Јан Облак.
Сепак, Атлетико Мадрид заигра подобро во вториот дел и успеа да израмни со погодокот на Родриго де Пол во 60-та минута од дербито.
Сорлот во последните мигови буквално ја нокаутира Барселона со победнички погодок.