Мурињо го напушти Истанбул, мора итно да биде опериран

Фенербахче со кикс на домашен терен (1-1) против Ејупспор ја заврши 2024-тата година и на кратката пауза во турското првенство оди со заостанување од пет бода позади лидерот Галатасарај, но и натпревар повеќе од конкурентот.

Турските медиуми пренесуваат информација дека Жозе Мурињо веќе го напуштил Истанбул и заминал во странство за да му биде извршен оперативен зафат, но целиот случај и за нив е мистерија и воопшто нема никаква информации околу здравствената состојба на Португалецот и за што точно се работи.

Првенството на Турција продолжува на петти јануари, а Фенербахче треба да одигра меч против Малатијаспор.

- Оглас -

Најнови вести