Чоло Симеоне: „Задоволен сум, голманот беше клучен за нашата победа“

Атлетико Мадрид како лидер на табелата во Ла Лига ќе ја пречека Нова година, без разлика на исходот од мечот помеѓу Реал Мадрид и Севиља. „Јорганџиите“ иако беа сконцентрирани кон одбрана на својот гол, сепак успеаја да ја победат Барселона со пресврт на „Монжуик“, а освен Сорлот кој го постигна победничкиот гол во 96-тата минута, херој на Атлетико беше и голманот, Јан Облак.

„Многу сум задоволен. Бевме скромни и ги издржавме нападите на Барселона. Одлично се браневме. Во првото полувреме, но и во второто се до нашиот гол, противникот комплетно нѐ надигра. Потоа започнавме да се опуштаме и видовме дека можеме да играме. Рано го извадив Гризман, но знаев дека Сорлот може да направи разлика на теренот. Промените дадоа резултат. Одличен гол на Сорлот кој ни ја донесе победата. Облак беше одличен и тој беше клучот за победата.“ – задоволно рече Чоло Симеоне после големата победа во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести