Украинскиот боксер, Олександр Усик, и вторпат беше подобар од Тајсон Фјури. За разлика од првата борба кога победи со надгласување на судиите, сега тие донесоа едногласна одлука за победа на украинскиот боксер.
Сепак, колку заработија двајцата боксери од оваа борба, која се одржа во Ријад? Според британските медиуми, наградниот фонд е 183 милиони евра, а победникот доби 55% од оваа сума. Тоа значи дека Усик од Ријад си замина со 100.65 милиони евра, а остатокот од 82.35 милиони евра му припадна на Тајсон Фјусри.
Наградниот фонд за првата борба изнесуваше 144 милиони евра, но тогаш Фјури иако беше поразен, доби дури 70% од вкупната сума.