Масимилијано Алегри е на пауза по раскинот на договорот со Јувентус, но се шпекулира дека наскоро ќе се врати во тренерските води. Последните недели се појавија многу информации за негов можен нов ангажман, бидејќи тој е еден од најпрестижните тренери кој моментно е без клуб.
Иако името на Алегри беше поврзувано со Вест хем, италијанските медиуми од самиот почеток тврдеа дека неговото следно работно место ќе биде во Италија. Според „Кориере дело Спорт“, се очекува Алегри следната сезона да го преземе кормилото на Рома.
Рома, според информациите, планира да започне официјални преговори со Алегри следната недела. Клубот сака тренер кој го познава италијанскиот фудбал, а Алегри, со искуството од Калијари, Милан и Јувентус, е идеален избор.
Информациите наведуваат дека Рома е подготвена да му понуди атрактивни услови на Алегри, не само финансиски туку и во однос на организациската моќ и слободата во донесувањето спортски одлуки.
Сепак, „Кориере“ додава дека единствената сериозна конкуренција на Рома е Милан, кој размислува дали да продолжи со Пауло Фонсека. Доколку дојде до раскин на соработката со Фонсека, Милан исто така би сакал да го ангажира Алегри.