Столе ќе биде дел од еден голем јубилеј на Меси

Столе Димитриевски попладнево ќе има еден голем предизвик. Голманот на македонската фудбалска репрезентација, во дресот на Рајо Вајекано ќе брани на гостувањето против Барселона, во меч од шпанското првенство. Традицијата вели дека каталонскиот гигант лесно стигнува до убедливи победи против Рајо. Во последните 11 меѓусебни средби, Барселона на Рајо му има дадено дури 50 голови.

Нападот на Барселона ќе го предводи Лионел Меси. Аргентинецот е прв стрелец во шпанското првенство, но и прв фаворит за освојување на наградата „Златна копачка“, што се доделува за најдобриот голгетер во Европа. Меси ќе има посебен мотив да одигра добро против Рајо, бидејќи ќе прослави еден голем јубилеј.

Меси ќе го одигра 800 натпревар во професионалната кариера. Сите 800 средби му се само во два дреса. Тој на Барселона и на аргентинската репрезентација. За Барселона треба да го одигра 672 дуел, а во националниот тим има 128 средби. Вкупно има постигнато 650 погодоци.

Статистиката вели дека Меси има 442 дуели во Примера (408 голови), 130 мечеви во Лигата на шампиони (106 голови), 72 меча во Купот на Шпанија (50 голови), 18 меча во Суперкупот на Шпанија (13 голови), 4 меча во Суперкупот на Европа (3 голови), 5 меча на Светско клупско првенство (5 голови). Вкупно во 671 меч, даде 585 голови.

На клупските дуели кога ќе се додадат и 128 натпревари за Аргентина и 65 погодоци, се стигнува до бројката од 799 меча и 650 голови. Сите овие мечеви и голови, Меси ги има постигнато за 15 години професионална кариера.

 

 

- Оглас -

Најнови вести