Навивачите на Басконија се херите на денот: „Дожд“ од мечиња како божиќен потег

Навивачите на Басконија се херои на викендот откако на дуелот против Уникаха, решија да направат еден многу убав хуманитарен гест. Од трибините во салата, навивачите фрлија стотина плишани мечиња кои се собираат како подароци за деца од ранливи категории.

Вакво нешто е познато во повеќе делови од Европа и светот, а неодамна истото го направија и навивачите на Пелистер кога на ракометното дерби против Вардар, на паркетот испратија стотици плишани мечиња за да ги направат посреќни празниците на децата.

Од спортски аспект, мечот беше драматичен до последен момент. Басконија беше во голема негатива, на крајот домаќините стигнаа и до шут за победа, но промашија, па на крајот гостите се радуваа на победа од 90:88.

- Оглас -

Најнови вести