Актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром беше убедлив на гостувањето во Кавадарци откако со 80:54 славеше над Тиквеш, во меч од 11 коло на Прва кошаркарска лига на Македонија. Во сите четири четвртини гостите од Аеродром беа подобри и на крајот стигнаа до осмата победа во 11 натпревар. Андреј Магдевски со 24 поени и 12 асистенции беше предводник на МЗТ, а кај Тиквеш најпрецизен беше Младеновиќ.
Чаир 2030 го претрпе третиот пораз во низа, овојпат на гости кај Гостивар и тоа со 75:90. Уште во првата четвртина Гостивар стигна до двоцифрена предност, поведоа со 24:13. До крајот на првото полувреме Гостивар стигна и до 14 разлика (45:31).
Во еден момент од третата четвртина Гостивар водеше и со убедливи 61:41 и до крајот на средбата ја сочуваа убедливата предност и стигнаа до победа од 15 разлика. За Гостивар ова е четврти триумф сезонава.
Феникс одигра одлична последна четвртина и на крајот победи со 78:73 против Шкупи. Во речиси целиот меч, двата тима се менуваа во водство, а Феникс одигра одлично во последната четвртина која ја доби со 23:12 и на крајот се радувата на третата победа сезонава.