Погодени се сите пет предлози на Типстерски совети

Денешните пет предложени натпревари и комбинации во Типстерски совети се погодени и добитен е вкупниот коефицинет од 18.17. Тотенхем и Ливерпул одиграа меч со гол-шоу на кое гостите победија со 6:3, а опцијата беше двата тима да постигнат гол, а Ливерпул да не загуби.

Реал Мадрид убедливо со 4:2 славеше над Севилја и тука е погодена комбинацијата да победи домаќинот и да има барем три гола на средбата.

Борусија Дортмунд со 3:1 победи на гостувањето кај Волфсбург. Гостите водеа со 3:0, а Волфсбург даде погодок во вториот дел и така е добитна комбинацијата двата тима да постигнат погодок и да има барем по еден погодок во двете полувремиња.

Монца му даде еден гол на Јувентус и тоа беше доволно да е погодена комбинацијата домаќините да постигнат гол на средбата против фаворитот.

Аталанта се намачи, но на крајот се радуваше на триумф против Емполи со 3:2. Тимот од Бергамо водеше со 2:1 на полувреме, а на крајот славеше со 3:2 за добитна комбинација 1-1&2+.

- Оглас -

Најнови вести