Реал Мадрид убедливо со 4:2 ја победи Севилја, а Килијан Мбапе го постигна првиот гол на мечот. Со овој погодок Мбапе покажува дека полека но сигурно се вклопи во тимот, откако летово направи трансфер во Реал Мадрид.
Изминатиов период Мбапе промаши два пенали, во мечеви на кои Реал потоа губеше. Французинот имаше и неколку лоши средби и промашуваше од стоостотни ситуации, а по сите тие дуели, тренерот на Кралскиот клуб, Карло Анчелоти застануваше во одбрана на фудбалерот велејќи дека му е потребно време да се адаптира.
По мечот со Севилја, Мбапе самиот јасно порача дека веќе адаптицијата заврши.
„Реал Мадрид игра многу добро, многу се подобривме во последните неколку месеци. Чувствува дека навивачите беа во екстаза по победата над Севилја. И ние многу сме радосни. Многу работи се променија во тимот од моето доаѓање. Како што рече тренерот, адаптацијата заврши. Се чувствувам одлично, почнав подобро да соработувам со другите играчи“, задоволно коментираше Мбапе.
Во 16 меча кои ги одигра во шпанското првенство, Мбапе има 10 голови. Вкупно во 24 средби во сите натпреварувања, францускиот голгетер има постигнато 14 голови.