Тренерот на Јувентус не се откажува: На крајот од сезоната ќе ја погледнеме табелата

Италијанскиот гигант Јувентус конечно ја прекина низата од четири нерешени средби во домашното првенство откако со 2:1 славеше на гости кај Монца. По 17 кола, Старата дама останува единствениот тим во Серија А кој е без пораз. Иако нема пораз, Јувентус сепак заостанува дури девет бодови зад лидерот Аталанта, која сезонава веќе има три порази, но тимот од Бергамо нареди дури 13 победи.

Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, беше задоволен од победата над Монца и најавува дека неговиот тим уште е во трка за титулата.

„Секогаш е тешко да се игра против екипата која се брани и игра на контранапади. Моравме да ја убиеме играта – тоа е дел од процесот на раст, инаку преземаме дополнителни ризици против таквите противници и им дозволуваме контранапади. Табелата ќе ја погледнеме на крајот од сезоната, а дотогаш ќе играме меч по меч и ќе се обидеме да стигнеме до најдобар можен резултат“, вели Мота.

Триумфот на Јувентус против Монца беше многу значаен затоа што Старата дама стана само четвртиот клуб во историјата на Топ 5 лигите кој во домашното првенство има 1.700 или повеќе победи. Кои се останатите три клуба со 1.700+ победи, прочитајте ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести