Голем проблем за Арсенал, Букајо Сака ќе отсуствува до почетокот на февруари

Арсенал ќе мора да се справи без еден од своите најважни играчи, Букајо Сака, во најтешкиот период од годината. Англискиот репрезентативец во саботата беше заменет уште во 24-тата минута од натпреварот против Кристал палас откако се фати за бутниот мускул на десната нога.


По натпреварот, Сака го напушти „Селхурст парк“ со помош на патерици, а менаџерот на Топчиите, Микел Артета, не криеше дека е загрижен за состојбата на големата ѕвезда.

Клубот сè уште нема излезено со официјална информација за повредата на крилото, но како што откриваат медиумите на Островот, паузата воопшто нема да биде мала.


Сака може да отсуствува до шест недели. Во овој период, Арсенал има натпревари против Ипсвич, Брентфорд, првиот полуфинален натпревар во Карабао купот против Њукасл, дуел од третото коло на ФА купот против Манчестер јунајтед, како и натпреварите од последните две кола во основната фаза на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести