Австралискиот тенисер Марк Пурсел привремено е суспендиран поради кршење на антидопинг-правилата. Пурсел самоиницијативно се пријавил и потврдил дека користел недозволени методи и средства.
Тенисерот самиот побарал од 10 декември да започе да тече неговата суспензија, а дури денеска се огласија од Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ИТИА).
Пурсел, кој има 26 години, е победник на последното издание на Отвореното првенство на САД во мешан дубал, а има и титула од Вимблдон во двојки во 2022 година.
Засега не е јасно кои забранети супстанции ги користел тенисерот, но многу веројатно е дека за него ќе следува подолга суспензија. Пурсал е трет тенисер за кратко време за кого се открива дека е позитивен на допинг тест. Претходно позитивни беа и најдобриот тенисер во моментов, Јаник Синер, како и некогашната број 1 во женскиот тенис, Ига Швјонтек.
Wow 😳
Max Purcell has agreed a provisional suspension for doping offences.
Tennis are players dropping like flies now. pic.twitter.com/fTysdyUcio
— Swish 🍒 Tennis (@Zwxsh) December 23, 2024