Искусниот дефанзивец Мите Цикарски е ново засилување на Вардар и ова е негово враќање во клубот каде што ја започна професионалната фудбалска кариера.
Цикарски има богато искуство од играње во странство, каде што настапуваше за клубови во Кипар, Романија и Грција, а во Македонија играше за Работнички, Брера и за Македонија Ѓорче Петров, од каде што доаѓа во редовите на Црвено-црните.
„Знам што значи да се носи дресот на ФК Вардар. Знам колку тежи овој дрес. Среќен сум што се враќам на местото каде што започнав. Очекувањата за новата сезона се високи. Знаеме каде припаѓа клубот каков што е ФК Вардар. Се надевам на успешна полусезона и дека ќе го издигнеме ФК Вардар каде што му е местото – на врвот на македонскиот фудбал“, изјави Цикарски.
Претходно Вардар се засили со Михаил Маневски, Ѓорѓије Јанкулов и Михал Пинтер.