Арсенал го купува новиот Иниеста за 60 милиони евра

Арсенал го договорил првото засилување за зимскиот преоден рок. Станува збор за млад фудбалер од Лас Палмас, Алберто Молеиро, кој оваа сезона игра извонредно, а многумина го споредуваат со легендарниот Андрес Иниеста.


Арсенал ќе ја активира неговата откупна клаузула во износ од 60 милиони евра, а трансферот ќе биде реализиран на почетокот на јануари.

Молеиро, кој има 21 година, треба да биде големо засилување за Арсенал, особено во напаѓачките опции. Овој талентиран играч може да игра како централен играч за врска, но и на позиција на крилен напаѓач. Познат е по својата одлична визија на теренот, креативност и дриблинзите, а многумина го споредуваат со Андрес Иниеста по сличноста во стилот на играта.


Оваа сезона постигна четири гола на 17 одиграни натпревари, додека во својата досегашна кариера одигра 128 натпревари, постигна 11 гола и запиша 13 асистенции.

Освен Молеиро, Арсенал се поврзува и со неколкумина напаѓачи, меѓу кои се Адемола Лукман од Аталанта и Маркус Рашфорд, кој е на излезна врата од Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести