Српскиот фрлач на ѓуле, Асмир Колашинац, ја воодушеви јавноста во Србија и пошироко откако се појави снимка на која тој во Белград сам со своите раце крена и премести автомобил кој бил паркиран во тревник и го блокирал пристапот за останатите коли.
Силниот Аско, кој има 40 години и 140 килограми, наместо да повика „пајак служба“, сам го реши проблемот.
Колашинац пред неколку месеци помогна и по една сообраќајна несреќа, кога го врати превртеното комбе на тркала. Сосема случајно спортистот се најде на местото на несреќата и покажа дека е голем човек, не само физички.