Од пред два дена, Марат Омаров е нов претседател на Фудбалската федерација на Казахстан, а тамошните медиуми објавуваат дека новиот претседател бара начин како да му врачи отказ на селекторот на А тимот, Станислав Черчесов.
Казахстан е еден од противниците на Македонија во квалификациите за Светското првенство 2026.
Одлуката за смена на рускиот стручњак наводно веќе ја донел новиот претседател, кој не бил задоволен од резултатите на Черчесов. Адвокатите на Федерацијата го проучуваале договорот, смислуваат како да го раскинат, дури и ако треба да платат отштета од 1 милион евра ако предвреме се разделат со селекторот.
Околу 10-15 јануари ќе се донесе одлуката. Потпретседателот на Казахстанската фудбалска федерација (КФФ) ниту негира, ниту потврди дека веќе бараат нов селектор.