Удинезе со пресврт „кец во два“ победи во Фиренца, Бове првпат на клупа по срцевиот удар

Удинезе ја изненади Фиорентина на нејзин терен со 2-1, и тоа со пресврт откако по првото полувреме Виолетовите водеа со 1-0.

За Фиорентина ова е втор пораз едноподруго откако претходно имаа феноменална серија од осум лигашки триумфи по ред. За Удинезе ова е седма победа сезонава во Серија А, толку имаат и гигантите Јувентус и Милан.

На клупата на Фиорентина беше Едоардо Бове, кој доби специјална дозвола да ги бодри своите соиграчи, и неговото присуство беше најубавиот момент вечерва на „Артемио Франки“. Бове неодамна претрпе срцев удар на мечот со Интер и вграден му е дефибрилатор, што според прописите во Серија А, значи дека тој веќе не смее да игра во италијанската лига.

- Оглас -

Најнови вести