Црвена ѕвезда го совлада вечниот ривал Партизан со 89-84 во големото белградско дерби од АБА-лигата.
За Партизан, кој сезонава тргна со 11-0, ова е втор пораз по ред, па сега Партизан, Ѕвезда и Будуќност се на првите три места со по 11 победи и два порази.
Речиси како и секогаш, и вечерва имаше драма во белградската „Арена“ и еден-два напади го решаваа победникот. Статистички, Партизан имаше повеќе скокови и асистенции, но Црвено-белите изведоа и погодија седум слободни фрлања повеќе, што беше клучно.