На синоќешниот меч од купот на Франција помеѓу Ленс и Пари Сен Жермен на трибините беше присутен и довчерашниот француски фудбалер Рафаел Варан.
Варан е дете на Ленс, таму ја почна кариерата, пред да премине во Реал Мадрид, каде што се прослави, а потоа замина во Манчестер јунајтед пред да се пензионира летово како играч на Комо.
Иако беше замотан со шал преку носот и устата, а носеше и капа, па му се гледаа само очите, фановите кои седеа околу него го препознаа Варан и се фотографираа со него за спомен.