Ја напушта битката за влез во Премиер лигата за да ја спасува Валенсија

Валенсија брзо најде замена за разрешениот тренер Рубен Бараха, екипата ќе ја преземе Карлос Корберан, кој е актуелен тренер на англискиот тим Вест Бромич албион, каде што работи од 2022 година.

Корберан, кој има 41 година, работел во Докса и Ермис на Кипар, па во У-23 тимот на Лидс, во Хадерсфилд, кратко и во Олимпијакос, а две години е во ВБА. Во моментов ВБА е на седмото место во Чемпионшип и се бори за место во плејофот за влез во Премиер лигата.

Лилјаците, чиј голман е Столе Димитриевски, сезонава имаат многу послаби резултати од очекуваното, претпоследни се на табелата, па смената на Бараха е очекувана. Валенсија веќе го известила ВБА дека ќе ја плати клаузулата од 2,8 милиони евра за нивниот тренер и се чека само официјализација на трансферот.

Валенсија ќе му биде прв ангажман во топ лигите, а договорот треба да биде на две и пол години, до јуни 2027.

Следниот меч на Валенсија е на 3 јануари дома против Реал Мадрид.

На тимот од „Месталја“ не само што му требаат итни резултати за да избега од кризата и од зоната на испаѓање, туку и лидерство кое може да инспирира демотивиран тим и разочарани навивачи.

- Оглас -

Најнови вести