Комбинација на знаење и среќа е вистинската формула за да се стигне до добитен тикет, посебно таков каков што има погодено еден обложувач во Sport Life во Маџари во Скопје. На тикетот има осум натпревари од најсилните лиги во Европа, а со вложени 100 денари, добивката е 320.090 денари. Погоден е огромен вкупен коефициент од 3.765.
Од сите мечеви кои се погодени, најголема драма се случи на дербито во Примера дивисион, меѓу Барселона и Атлетико Мадрид. Комбинацијата беше Атлетико Мадрид да постигне два гола на гостувањето кај Барселона, а тоа се случи буквално во последните секунди од средбата. Се играше 90+6 минута кога Атлетико постигна гол за победа од 2:1 и погодена беше комбинацијата Јорганџиите да постигнат два или повеќе погодоци.
Драматично беше и во Леверкузен, каде што Баер промаши пенал во првиот дел, па во 45+1 минута стигна до водство од 1:0 против Фрајбург на полувреме, а на крајот славеше со убедливи 5:1.
На останатите погодени мечеви немаше многу драма: Кристал палас – Арсенал 1:5, Осасуна – Атлетик Билбао 1:2, Џенова – Наполи 1:2, Лече – Лацио 1:2 (голот за победа беше постигнат во 87 минута), Морененсе – Порто 0:3 (последниот гол за 3+ беше постигнат во 88 минута) и Дендер – Антверпен 1:3.