Манчестер сити четирипати по ред ја освојуваше Премиер лигата, но сега е на седмата позиција на табелата и има девет порази на последните 12 меча во сите натпреварувања. Избраниците на Пеп Гвардиола играат катастрофално, па затоа и во Лигата на шампионите се на 22-рата позиција и ќе се борат да обезбедат место во разигрувањето.
Ваквата криза уште во август оваа година ја предвиде легендарниот англиски напаѓач Мајкл Овен, кој им предвидуваше борба за пласман во топ-4 екипите на табелата.
„Арсенал ќе биде прв, Ливерпул втор, Астон вила трета, а Сити дури четврти. Оваа година ќе паднат. Неверојатната серија еднаш мора да заврши“, рече тогаш Мајкл Овен.
Сепак, легендата на Ливерпул како да ги потцени избраниците на Арне Слот, кои се убедливо први и грабаат кон титулата во Премиер лигата.