Драмата околу регистрацијата на Дани Олмо по први јануари за Барселона сè уште трае. Додека се очекува одлуката на судот, веќе се појавија шпекулации околу иднината на шпанскиот репрезентативец.
Барселона минатото лето го купи од Лајпциг за 55 милиони евра и успеа да го регистрира со задоцнување само поради повредата на Андреас Кристијансен, но во договорот на Олмо има специјална клаузула според која тој може да си замине како слободен фудбалер во кој било момент доколку не биде регистриран.
Манчестер сити и Арсенал веќе ја чекаат разврската и подготвени се веднаш да го ангажираат, а предност секако дека би имале Граѓаните, секако поради Пеп Гвардиола, бидејќи и тренерот и фудбалерот се од Каталонија.