Тијани Рајндерс е еден од најдобрите фудбалери на Милан оваа сезона, а блесна и на мечот против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, кога Црвено-црните победија со 3-1. Токму тој меч беше еден од оние пресудните тој да се најде и во бележникот на Кралскиот клуб, кој сака да го ангажира како замена за ветеранот Лука Модриќ.
Сепак, Рајндерс неодамна го продолжи договорот со Милан до 2028 година, а доби и поголема плата, од 3,5 милиони евра годишно. Неговата вредност во моментов е 60 милиони евра, Реал е подготвен да ја плати оваа сума, но раководството на Милан не сака ниту да слушне за неговата продажба.