Претседателот и генералниот секретар на ФИФА со честитка за изборот на Масар Омерагиќ за претседател на ФФМ (Фото)

Џани Инфантино, претседателот на Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) испрати писмо со честитки до Масар Омерагиќ за неговиот избор за претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Во писмото со честитки, првиот човек на ФИФА вели дека е убеден во потенцијалот на нашиот фудбал и ја истакнува личната поддршка и отвореноста на Светската фудбалска асоцијација за нашата Куќа на фудбалот.

Почитуван претседателе, 

Прифатете ги моите најтопли поздрави и најискрени честитки за изборот за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). 

Вашето знаење и лидерство, вашата страст и искуство несомнено ќе имаат важно влијание врз развојот на нашата прекрасна игра во Македонија. Убедени во потенцијалот на фудбалот во земјата, можете да сметате на мојата лична поддршка и на помошта на ФИФА за да ја постигнете оваа цел.

Вратите на ФИФА се секогаш отворени доколку сакате да разговарате за нашиот спорт, за неговиот развој и за промоција на неговите вредности. 

Ви посакувам вам и на вашиот тим многу среќа и успех во сите предизвици што претстојат во создавањето и сведочењето на трајно наследство за иднината на фудбалот во Македонија. 

Со нетрпение очекувам да се видиме наскоро. Ти испраќам, почитуван претседателе,  најдобри желби за добро здравје и успех.

Фудбалски поздрав,

Џани Инфантино

ФИФА

Писмо со честитка за изборот на Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) упати и Генералниот секретар на ФИФА, Матиас Графстром.

Првиот оперативец на Светската фудбалска Асоцијација во писмото со честитка до претседателот Омерагиќ ја истакнува подготвеноста на ФИФА за реализација на визијата на ФФМ под водство на новото раководство.

Почитуван претседателе, почитуван господине Омерагиќ, 

Со големо задоволство ви упатувам најтопли честитки за вашиот избор за претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Со нетрпение очекувам да изградиме силна соработка со вас и вашиот тим и да работиме заедно на промовирање и развивање на фудбалска игра во Македонија и во Европа. Заедно со целиот тим на ФИФА, ние сме тука за вас и остануваме достапни да ви помогнеме да ја имплементирате вашата визија и преку нашите различни програми дополнително да ја зајакнеме играта на сите нивоа. 

Исто така, сакам да им честитам на членовите на Извршниот комитет покрај вас, чие искуство и посветеност ќе имаат суштинска улога во поддршката на вашите одлуки и раководењето во иднина на вашата федерација. 

Исто така, со нетрпение очекуваме да се сретнеме со вас во блиска иднина и да ви посакаме добредојде во нашето седиште.Сигурен сум дека ова ќе биде одлична можност дополнително да разговараме за нашите заеднички цели за развој на фудбалот и како можеме да ви помогнеме. 

Уште еднаш честитки за ова значајно достигнување. Ви посакуваме успех и остануваме посветени да ги поддржуваме вашите напори на секој чекор од патот.

Фудбалски поздрав,

Матиас Графстром

Генерален секретар УЕФА

- Оглас -

Најнови вести